+389 47 25 25 25
+389 47 61 26 53


         Покрај редовната настава се планираат и додатни активности со цел учениците да ги прошират знаењата и да се подготвуваат за натпревари.

         Наставата се реализира на македонски јазик според Наставниот план за гимназиско образование како и во јавните училишта во Република Македонија одобрен од Бирото за развој на образованието и Министерство за образование и наука на РМ. Се состои од четири компоненти: задолжителни предмети, изборни предмети, задолжителни изборни програми и проектни активности. Задолжителните предмети го сочинуваат заедничкото програмско јадро и тие се задолжителни за сите ученици во гимназиското образование. Опфаќаат содржини од современо општо образование и се неопходни за за вертикална проодност на студии, но и за полагање на државна матура, со што учениците го заокружуваат своето средно образование. Функцијата на изборните предмети е продлабочување и проширување на знаењата на учениците со цел нивно насочување и специјализација кон одредени области.
         Од трета година учениците можат да изберат три подрачја: природно-математичко, општествено-хуманистичко и јазично подрачје.