+389 47 25 25 25
+389 47 61 26 53

Во ПРВА ПРИВАТНА ГИМНАЗИЈА – Битола наставата се реализира на модерен начин со активно користење на мултимедијална настава, истражувања, анкети, дебати, работилници, едукативни екскурзии... Наставата се реализира по методот на т.н активно учење – час исполнет со многу активности, мултимедијална настава со практични вежби и современи софтвери за едукација, посета на институции, едукативни екскурзии, при што учениците активно се вклучени во наставата. Ова е ефикасен начин на пренесување на знаења и вештини затоа што го поттикнува интересот за активно учество на учениците во текот на часот, а насоките што ги добиваат од професорите им овозможуваат самостојно да ги прошируваат своите знаење.

Деловен секретар
Економски техничар
Правен техничар
Техничар за трговија и маркетинг


Настава

     Наставата се реализира на македонски јазик, но дел од содржините на некои предмети се обработуваат на англиски јазик, што на учениците им овозможува активо користење на јазикот во различни области. Наставниот план и програмата на ПСУ „Прва приватна гимназија" - Битола, се одобрени од Бирото за развој на образованието на РМ и Министерството за образовние и наука на РМ. Наставниот план е структуриран во четири организационо-содржински компконенти: задолжителни предмети, изборни предмети, задолжителни изборни програми и проектни активности. Примената на современи научни достигнувања во наставниот процес, одличната комуникација ученик-професор, релаксираната атмосфера во училница обезбедува квалитетно средно образование според европски стандарди и одлична подготовка за полагање на државна матура и запишување на саканиот факултет кај нас или било каде во светот.