+389 47 25 25 25
+389 47 61 26 53


    Важноста на оваа одлука не секогаш им е јасно видлива на учениците. Тоа, пред се, се должи на нивната младост, недоволното искуство и информираност. Заради ова, многу често се случува учениците да ја донесат одлуката спонатано, без претходни анализи, поведени од друштвото или стравот и предрасудите, не земајќи ја во предвид огромната важност на оваа одлука за нивниот натамошен живот.
    Улогата на родителите е да им помогнат на своите деца и да понесат дел од товарот за исправноста на изборот. Притоа, несериозно би било да не се земат во предвид новините во областа на средното образование, примената на новите технологии и методи во наставата што отвораат бескрајни хоризонти во едукацијата и воспитувањето на идните студенти.

Со почит,
Љупчо Петровски