+389 47 25 25 25
+389 47 61 26 53


    Да се создаде установа која ќе биде составен дел од образовниот систем на Република Македонија, која ќе образува кадри според европски стандарди, кои ќе можат успешно да го продолжат своето образование на Универзитетите во земјата или во странство за да можат подоцна да одговорат на потребите на стопанството и пазарот на трудот во Република Македонија.
    Оваа година ги имаме и нашите први матуранти...Со гордост можеме да се пофалиме со одличните постигнувања на нашите ученици на регионалните и државните натпревари по математика, физика, информатика и англиски јазик. Задоволни сме - затоа што се задоволни и нашите ученици!