МИСИЈА
Рамноправен пристап кон сите ученици и индивидуален развој на личноста според нивните способности и желби. Нивното меѓусебно почитување и довербата, толеранцијата и пријателството се наш приоритет. А наша најголема цел е формирање на психофизички здрави, исполнителни, мотивирани личности, со јасни зацртани цели во животот. Едноставно, нашити ученици да бидат меѓу најдобрите, меѓу најуспешните, препознатливи!
ВИЗИЈА
Да се создаде установа која ќе биде составен дел од образовниот систем на Република Македонија, која ќе образува кадри според европски стандарди, кои ќе можат успешно да го продолжат своето образование на Универзитетите во земјата или во странство за да можат подоцна да одговорат на потребите на стопанството и пазарот на трудот во Република Македонија.
Оваа година ги имаме и нашите први матуранти...Со гордост можеме да се пофалиме со одличните постигнувања на нашите ученици на регионалните и државните натпревари по математика, физика, информатика и англиски јазик. Задоволни сме - затоа што се задоволни и нашите ученици!


ДИРЕКТОР
Зошто изборот би бил "Прва Приватна Гимназија" - Битола?
Одлични услови за работа, европски начин на реализирање на наставата, професори - пријатели, секогаш подготвени да им помогнат на учениците.

ОСНОВАЧ
Почитувани ученици и родители, На прагот сме на уште една пролет во која осмоодделенците ќе треба да донесат една од најважните одлуки во својот живот - каде ќе го продолжат своето образование?