број на часови: 125, времетраење: 3-3,5 месеци
Главна цел на програмата е учесниците да стекнат
компетенции од областа на дигитален маркетинг -
да изработат веб сајт со модерен структуриран дизајн,
самостојно да подготват дигитална маркетинг стратегија,
online промоција и продажба на одреден производ или
услуга.
Учесниците ќе добијат вештини и знаења од областа на маркетинг активности за креирање кампањи на социјалните мрежи Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn - дизајн и поставување платени реклами од текст, слика, постови и таргетирање на публика, креирање веб сајт и секако безбедност на интернет.
Програмата опфаќа содржини од областа на дигитален маркетинг - дигитална
маркетинг стратегија, маркетинг на социјални мрежи, Copywriting, Canva,
веб дизајн и Cyber security (безбедност на интернет).
На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со Сертификат – Дигитален маркетер. Професионално знаење потврдено со сертификат од МОН и меѓународно признат ICDL/ECDL сертификат.