Професија што ќе ви обезбеди подобра иднина...

Службеник во сметководство

Верифицирана програма од ЦОВ

број на часови: 125, времетраење: 3-3,5 месеци

Службеникот во современото сметководство треба да ги има сите теориски и практични знаења и вештини што ќе му овозможат да одговори на растечките потреби на компаниите, кои се одликуваат со голема шареноликост во своите барања, како од аспект на квалитетот на услугите кои го бараат, така и од аспект на нивната содржина.
Програмата ги опфаќа следните содржини со цел стекнување на потребните знаења и вештини: запознавање со правната рамка на трговските дејности, содржина и начин на работа со пропишаните обрасци и потребните сметководствени документи, евиденција на сметководствените документи во софтвер за книговодство, финансиски извештаи, заштита на податоци.
На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнат со Сертификат Службеник во сметководство. . Професионално знаење потврдено со сертификат од МОН!