Формирана во 2007 година како прво приватно средно училиште за гимназиско образование во Битола од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука. Од 2014 година работи како веривицирана установа за образование на возрасни учесници од областа на дигитални вештини од страна на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Целта е да се подигне нивото на знаења неопходни во новото дигитално време, да се стекнат занења и вештини од Cyber („сајбер“) писменост и се создадат услови за стекнување на свесност за предизвиците во сите области од општеството ги поставува современата дигитална ера.